Во Драмскиот театар комеморација за Љубиша Георгиевски

12.12.2018 14:33

Колегите од Драмски се простија од Љубиша Георгиевски. Комеморација по повод смртта на театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар и професор по театарска режија и актерска игра...

За неговото име се врзуваат најславните мигови од историјата на македонскиот театар и македонската култура. Неговото автентично режисерско писмо беше голем предизвик за театарската критика и театролошката мисла. Велат дека луѓето кои го достигнале крајот на својот животен врв и натаму живеат онолку колку што ќе го чуваме споменот за нив, рекоа колегите и актери за режисерот Љубиша Георгиевски.

Остави значаен белег во македонската култура по што ќе остане запаметен, но јас ќе го паметам како мојот професор по актерска игра, рече актерката Мими Таневска.

Беше амбасадор во Бугарија и претседател на Собранието на Република Македонија. Љубиша Георгиевски остави над 161 театарска претстава, дваесетина филмски остварувања, голем број есеи, колумни и театролошки текстови. Има издадено повеќе од десет книги. Неговите претстави се прикажуваат во целиот свет.

Александра Спировска