ЕВН и ЕЛЕМ во конкуренција за избор на универзален снабдувач
ЕВН понуди маржа од 14,4 проценти, а ЕЛЕМ 14,9. Следи фаза на евалуација на понудите. Комисијата најави дека релативно брзо ќе биде организирана и јавната електронска аукција...

ЕВН Македонија и ЕЛЕМ Трејд ДОЕЛ- Скопје се компаниите кои ќе се борат за екслузивното право на универзален снабдувач со електрична енергија, согласно со либерализацијата на пазарот со струја. Беа отворени двете понуди.
ЕВН понуди маржа од 14,4 проценти, а ЕЛЕМ 14,9. Фирмите немаа забелешки при отварањето.
Следи фаза на евалуација на понудите. Комисијата најави дека релативно брзо ќе биде организирана и јавната електронска аукција со негативно наддавање за избор на универзалниот снабдувач.
Во случај да не успее повикот, постапката ќе биде повторена уште еднаш, но ако и по вторпат не се избере универзален снабдувач, во тој случај Владата ќе може да назначи компанија.
