Анкара

Повеќе загинати во железничка несреќа во Турција

13.12.2018 10:56

При судирот два вагона излетале од шините...

Најмалку седум лица загинаа, а над 40 се повредени кога брз воз во кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конја удрил во локомотива која служи за контрола на пругата.

При судирот два вагона излетале од шините. Локалните медиуми известуваат дека на местото на настанот има голем број припадници на итните служби, кои им помагаат на патниците кои останале заробени во вагоните.