Купување на земјиште под оранжерии
До 27-ми декември сопстевениците на оранжериите можат да поднесуваат барања за купување на земјиштето под овие објекти. Ова е втор ваков повик со кој треба да се реши проблемот на градинарите чии стакленици се во нивна сопственост но се изградени на државно земјиште.

Право на учество на јавниот повик имаат физички и правни лица кои во Катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и на помошните објекти во стопанскиот двор.
Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост.
Проблемот настана кога инвеститорите пред неколку години ги купуваа оранжериите, но немаше можност да го купуваат и земјоделското земјиште кое остана под закуп.
Со стекнувањето на имотни листови земјоделците ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација, но и ќе можат да го остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.
Рокот за поднесување на понуди е до 27-ми декември, а се доставуваат до Министерството за земјоделство.
Методија Трајков
