Заврши фазата по групи, последното коло донесе чудни резултати
Манчестер Сити го совлада Хофенхајм, со пресврт за конечни 2:1. Англиската екипа, од првата позиција во Групата Ф, ќе биде носител во елиминациската фаза во елитата, што значи на ждрепката за 1/8 финалето ќе има предност домашен терен во реваншот. Шахтар и Лион ремизираа 1:1, украинскиот претставник останува на европската сцена, во ЛЕ.

Баерн Минхен и Ајакс ремизираа 3:3 во последното коло од групната фаза и од првите две позиции се пласираа во елиминациите во ЛШ, а Бенфика со победата од 1:0 против АЕК ја потврди третата позиција и на пролет продолжува во Лига Европа, од третата позиција во Групата Е.
Манчестер Сити го совлада Хофенхајм, со пресврт за конечни 2:1. Англиската екипа, од првата позиција во Групата Ф, ќе биде носител во елиминациската фаза во елитата, што значи на ждрепката за 1/8 финалето ќе има предност домашен терен во реваншот. Шахтар и Лион ремизираа 1:1, украинскиот претставник останува на европската сцена, во ЛЕ.
И покрај победата од 0:3 на ЦСКА Москва против комбинираниот состав на актуелниот и трикратен шампион Реал Мадрид, со триумфот против Рома со 2:1 чешкиот претставник Викторија Плзен, како подобра екипа во меѓусебниот дуел со руската екипа, обезбеди пласман во Лига Европа, додека шпанскиот претставник од првата позиција и италијанскиот од втората во групата Г, ќе играат во елиминациите во ЛШ.
Јувентус и Манчестер Јунајтед идентично загубија на гостувањата против Јанг Бојс, односно Валенсија, со по 2:1, со што од истите две позиции продолжуваат во елиминациската фаза – италијанскиот тим како лидер и носител, а англискиот од второто место во групата Х. Шпанската екипа оди во Лига Европа.
Фото: uefa.com
