Роберт Левандовски е најдобриот стрелец во фазата по групи
Зад играчот на Баерн Минхен останаа Лионел Меси од Барселона со 6 гола, Пауло Дибала од Јувентус со 5, колку што имаат и Един Џеко од Рома, Андреј Крамариќ од Хофенхајм, Муса Марега од Порто, нејмар од ПСЖ и Душан Тадиќ од Аакс.

Полскиот репрезентативец постигна 8 гола со што е најдобриот меѓу голгетерите по првиот дел од тековната сезона во Лигата на шампионите. На Левандовски му требаа по 66.8 минути да постигне еден гол, во одиграните 534 минути, сезонава.
Зад играчот на Баерн Минхен останаа Лионел Меси од Барселона со 6 гола, Пауло Дибала од Јувентус со 5, колку што имаат и Един Џеко од Рома, Андреј Крамариќ од Хофенхајм, Муса Марега од Порто, нејмар од ПСЖ и Душан Тадиќ од Аакс.
Рекордот на голови во групната фаза е на Кристијано Роналдо, 11 гола во сезоната 2015/16. Најмногу голови во историјата на групната фаза има Лионел Меси, кој што вкупно 66 пати ја погоди мрежата на противниците.
Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид четири пати беше најдобар стрелец по групи, два пати во претходните три сезони и во сезоните 2013/14 и 2009/10, додека Лионел Меси беше само еднаш, во сезоната 2016/17.
Фото: uefa.com
