Нимиц: Преспанскиот договор е важен за регионот и за односите меѓу Атина и Скопје

13.12.2018 11:15

Медијаторот Метју Нимиц во Њујорк имаше средба со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос. Според него, политичкиот процес во двете земи напредува...

„Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција“, оценува медијаторот Метју Нимиц.

Тој во Њујорк имаше средба со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос. Според Нимиц, политичкиот процес во двете земи напредува.

„Јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако на двете страни им е потребна моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат“, изјави медијаторот.