Велика Британија

Тереза Меј го преживеа гласањето за доверба

13.12.2018 11:54

Меј рече дека Британија треба да продолжи со градење подобра иднина за земјата. Вкупно 200 пратеници ѝ дадоа поддршка на премиерката, додека пак 117 гласаа против.

Британската премиерка Тереза Меј која го преживеа гласањето за доверба, изјави дека ја продолжува работата околу Брегзитот и дека е потребно политичарите да се обединат.

Меј рече дека Британија треба да продолжи со градење подобра иднина за земјата. Вкупно 200 пратеници ѝ дадоа поддршка на премиерката, додека пак 117 гласаа против.

Меј се соочи со гласање доверба, откако 48 пратеници од нејзината, конзервативна партија, предадоа писма на претседавачот на одборот на партијата, во кое инсистираат на такво гласање. Пред гласањето, премиерката изјави дека планира да ја напушти функцијата пред парламентарните избори во 2022 година.