Европската престолнина запоседната од бездомници
Економската криза, невработеноста, слабостите во системот за социјална заштита драстилно го зголеми бројот на бездомниците во Белгија. Според последниот национален извештај 55.000 луѓе се на улица. За споредба пред десетина години биле 17 000. Во Брсисел ги има пред големите маркети, ноќите ги поминуваат во метро станиците како и во т.н. ,, Северна,, железничка станица. За нив се се грижат неколку прифатилишта.

- Имаме 2 до 4 тима кои секојдневно работат на терен, заедно со доктори и социјални работници, понекогаш и со психијатри. Одиме во центарот на градот , во парковите, во метроата се со цел да развиеме контакти со бездомниците кои не сакаат да бидаат згрижени од наша страна, затоа што најповредливата група на луге се токму тие кои не сакаат да не контактираат. -Кристоф Тиелс-Сами социал центар
По природа повлечени, недоверливи и неразположени за разговор, а често и агресивни, тешко е да се допре до нивниот свет за да ја раскажаат сопствената приказна како се нашле на маргините на опшеството. Сепак беспарицата не е единствената што станале бездомници.
-Станува збор за комбинација на фактори како што се медицински проблеми, социјални, психолошки, финсиски..., потоа тука се алкохоличарите , наркоманите. -Кристоф Тиелс-Сами социал центар
И додека бројот на бездомниците континурано расте политичарите си ја префрлаат топката во однос на нивното згрижување. Минатиот месец федералниот државен секретар информираше дека државата обезбедила дополнителни 50 хостели за сместување на овие луѓе. Но во Брисел проблем е што некои од хостелите се завземени од илегалните имигранти кои сеуште не се регистрирани како бездомници, па реионалните власти бараа проблемот да се решава на државно ниво..
За МРТ од Брисел Марина Стојанова Тонева-постојан дописник