Вашингтон: Крај на воената поддршка за Саудиска Арабија во Јемен
13.12.2018 12:36
Сенаторите го усвоија документот со 60 гласа „за“ и 39 „против“. Во резолуцијата се наведува дека единствен исклучок треба да бидат операциите во регионот против терористичката група Aл Kаеда.

Американскиот Сенат усвои резолуција со која се повикува претседателот Трамп да ја запре поддршката за учесниците во вооружениот конфликт во Јемен.
Сенаторите го усвоија документот со 60 гласа „за“ и 39 „против“. Во резолуцијата се наведува дека единствен исклучок треба да бидат операциите во регионот против терористичката група Aл Kаеда.
Американските медиуми коментираат дека усвојувањето на резолуцијата е симболично, бидејќи не се очекува Претставничкиот дом годинава да расправа за неа, а Трамп се закани со вето.
