Папата Франциск на 7-ми мај ќе ја посети Македонија

13.12.2018 12:39

Неговата светост папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7-ми мај 2019-та година, при што ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза...

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на 7-ми мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, соопшти владината прес- служба.

Неговата светост папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7-ми мај 2019-та година, при што ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза, се наведува во соопштението.

Пред Македонија, папата Франциск од 5-ти до 7-ми мај ќе престојува во Бугарија каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.