Отец Пимен сведочеше за „27 април“

13.12.2018 12:46

Vо Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија...

Со давање исказ на Владиката Пимен, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен, во Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На денешното рочиште треба да сведочат уште три лица- Ивона Опетческа-Татарческа, Методија Илиевски и Томислав Јовановски, сите предложени од обвинетиот Илиевски. Требеше да сведочи и Сотир Костов, кој бил спречен поради болест, па бранителот на Илиевски, адвокатот Сашко Дуковски го повлече сведокот.

Вчера претседателката на Судечкиот совет, Добрила Кацарска најави дека очекува сослушувањето на сведоците да заврши денеска, утре обвинителството да приложи дополнителни докази, а од следната недела обвинетите и нивните бранители да почнат со изнесување  завршни зборови.