Научна дебата

Политиката да ги тргне рацете од религијата

13.12.2018 13:08

Експертската јавност со став дека иако државата е секуларна, сепак се препознава блиска врска меѓу политиката и религијата. На денешната дебата за релациите меѓу политиката и религијата учествуваа претставници на верските заедници и на академската фела...

Македонија е уставно декларирана како секуларна држава, но во практика лесно може да се препознае блиската врска меѓу религијата и политиката, вели ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски. Според него, влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива и обратно.

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, вели дека треба да се направи јасно разграничување меѓу политиката и религијата, и посочува дека во нашето опшетство сѐ уште има примери кога се критикува одредена политичка одлука, таа да се брани по религиозна и етничка линија.

Често и религиозните водачи се вклучуваат во политички процеси, велат дел од учесниците на научната дебата.

Учесници во научната дебата беа преставници од верски заедници и од академската фела.

 

Марина Стојанова- Тонева