Закон за култура

Вработените во културните институции очекуваат подобри услови за работа

13.12.2018 13:15

Вработените во културните институции очекуваат да имаат подобри услови за работа со ново предложените коефициенти. Дијалогот продолжува со надеж дека културните работници в година ќе добијат подобар статус во општеството...

Културата е на дното- оценка на работници од оваа област. Отворање работни места и повисоки плати, се клучните барања. Велат дека примањата се потценувачки. Се надеваат дека со коефициентите што се предложени во новиот закон ќе имаат подобри услови за работа.

Од Музејот на Македонија со забелешки - непринципиелно се разделуваат уметниците од културните работници.

Од ресорот велат дека двата члена, надвор од министерството се луѓе од институциите, а нивните искуства ни се драгоцени за согледувања кои ги вреднуваме во законот.

Дијалогот продолжува со надеж дека идната година културните работници ќе ги добијат своите поволности.

 

Александра Спировска