Енергетика

Нови ветерници во Богданци, инвестиција од 21 милион евра

13.12.2018 13:53

Во Скопје е потпишан договорот за финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци- втора фаза“, инвестиција вредна 21 милион евра. Ќе го гради државната ЕЛЕМ со кредитна поддршка на германската КФВ Банка во износ од 18 милиони евра.

Шест турбини ќе се градат како дел од втората фаза од Ветерниот парк Богданци. 21 милион евра ќе чини изградбата од кои 18 милиони се заем од германската КХВ банка. Кредитот е на 12 години со три години грејс период и каматна стапка од 1.15 проценти.

Со заокружувањето на овој проект се очекува да се зголеми инсталираната моќност на АД ЕЛЕМ. Преку ветерните електрични централи ќе се произведуваат 50 мегават часови електрична енергија и годишно производство од 37 гигават часови енергија.

Македонија има обврски да го зголем уделот на обновливите извори на енергија. Со ова ќе заштити животната средина и ќе се намали концентрацијата на јаглеродниот двооксид.

Првите мегават часови електрична енергија од ветерниот парк Богданци се очекуваат за 18 до 24 месеци.

 

Дијана Ценевска