Заев: Правична, сразмерна казнена политика и помали глоби за 60 отсто

13.12.2018 14:07

Целта е да се поттикнат правичноста и почитувањето на законите. Столбот на казнената политиката ќе биде превенцијата, опомена пред казна- порача премиерот Зоран Заев на промоцијата на најдобрите 100 компании- членки на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Правична, сразмерна казнена политика и помали глоби за 60 отсто за бизнис заедницата. Ќе има градација меѓу малите, средните и големите фирми. Целта е да се поттикнат правичноста и почитувањето на законите. Столбот на казнената политиката ќе биде превенцијата, опомена пред казна- порача премиерот Зоран Заев на промоцијата на најдобрите 100 компании- членки на Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Владата им излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата за намалување на драконските казни кои во минатото се злоупотребуваа за затворање и уништување на фирмите, како и за уцени, компаниите од сега ќе мора да знаат дека столбот на казнената политика ќе биде превенцијата“, подвлече премиерот.

Според него, со новите законски решенија малите фирми ќе плаќаат пониски казни во однос на поголемите. При одредувањето на глобата, како што рече, ќе се води сметка за остварениот приход, бројот на вработени и евентуалните претходни санкционирања.

Просечната плата е една од најбитните рабоити за подобра бизнис клима, вели претставникот од компанијата лидер од 1.800- те членки на оваа комора.

Стопанствениците порачаа дека и натаму ќе останат остри критичари на владините економски политики, но исто така ќе продолжат со кооперативноста, предлагајќи што подобри решенија за уште поконкурентна и поуспешна деловна клима во земјата.