Ракомет

Чиј ќе биде теренот во Икаст

02.03.2014 12:20

Носени од скопската моќна публика, Вардарки успеаа да слават над данските првенки Митјиланд во третото ракометно евро шампионско коло (24:23).

Сега е на ред данскиот паркет, Митјиланд или Вардар СЦТБ.

Носени од скопската моќна публика, Вардарки успеаа да слават над данските првенки Митјиланд во третото ракометно евро шампионско коло (24:23).

Сега е на ред данскиот паркет, Митјиланд или Вардар СЦТБ.

Табелата во мометнов ја истакнува минималната предност на девојките на Индира Кастратовиќ (5 бода), но во однос на германките Турингер кои бројат минус еден (4) и денеска се на гости во Шведска кај Савехов (1 бод). Швеѓанките се тимот преку кој пак германките ќе ја билдаат својата бодовна ситуација. Од друга страна и вардаровите денешни противнички не се откажуваат од фајнел-фор завршницата, со само двата збрани бода до сега, кои може многу лесно да станат 4 доколку, не дај боже денеска триумфираат.

Се на се, замрсена е ситуацијата во групата 1 во Лигата на шампионките во битката за завршницата во мај месец во Будимпешта.

Што се однесува до групата 2, таму пак се чини бранителките на елитниот трон тимот на Гер, со 7 бода се веќе дел од борбата за повторување на ланскиот успех по вчерашната победа на гости кај Крим (22:24) со 2 бода на контото. И Будуќност полека го трасира патот кон 4-ката со собраните 6 бода и гостинско вчерашно славје кај Ларвик (17:22), кој има очаен скор 1.

Фокусот денешен е во Икаст, Митјиланд-Вардар СЦБТ 18.15 часот.