Мицкоски: Немам комуникација со Груевски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прашан за коментар за видеото пласирано во медиумите, вели дека немал никаква комуникација, ниту пак, сознанија дека некој од партијата се сретнал со Груевски...
Не ми е позната логистиката на Никола Груевски во Будимпешта. Прашајте го директно него, претпоставувам ќе ви го даде одговорот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прашан за коментар за видеото пласирано во медиумите. Вели дека немал никаква комуникација, ниту пак, сознанија дека некој од партијата се сретнал со Груевски. Порача дека фокусот треба да биде на решавање на проблемите на граѓаните, наместо да се коментираат видеa.
Во врска со Предлог- законот за делумна амнестија, Мицкоски го повтори ставот дека партијата ќе застане зад се што ќе значи решение за лицата кои се под политички прогон на оваа Влада. За нас, рече опозицискиот лидер, селективната правда не е правда.
Подгрупата на телото за помирување подготви предлог- текст за делумната амнестија која ги опфаќа учесниците во настаните од 27-ми април. Не се соопштуваат детали од предлогот за да не се наштети на целокупниот процес, но, се потенцира дека се прави дистинкција меѓу организаторите и насилниците од 27-ми април.
Наташа Гркова- Петрушевска
