Владиката Пимен сведочеше за „27 април“, тврди- Богдан Илиевски не посакувал насилство
„Богдан не посакуваше насилен крај на протестот“, вака во судот сведочеше владиката Пимен. Според него, Илиевски по упадот во Собранието бил разорачан, и сакал да го врати угледот на иницијативата „За заедничка Македонија“. Уште двајца сведоци рекоа дека обвинетиот не повикувал на насилство...

Богдан не посакуваше насилен крај на протестот. По настаните од 27-ми април беше разочаран и сакаше да го врати угледот на иницијативата „За заедничка Македонија“, во која веруваше и членуваше без паричен надоместок или ветувања за напредок во кариерата. Ова го изјави владиката Пимен кој сведочеше на рочиштето за собраниските настани.
Богдан не се согласуваше со изборот на Џафери за претседател на Собранието, рече Пимен, но не посакуваше со насилство да го спречи изборот. Двајцата биле добри пријатели, потврди сведокот, но повикувајќи се на свештеничката етика, не одговори на прашањето - за што разговатале со Илиевски и зошто обвинетиот од лево ориентиран колумнист ги сменил ставовите и станал поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ.
Дека Илиевски не посакувал насилство потврдија уште двајца сведоци предложени од неговата одбрана. Рекоа дека граѓаните на протест се собирале самоиницијативно против тиранската платформа.
По најавите дека е скроен Законот за амнестија, а со него ќе бидат опфатени само дел од инволвираните во собраниските настани, реагираа и некои обвинети.
За одбраната, предложеното решение е селективно. Процесот продолжува со распит на сведоци предложени од обвинетите.
Анита Димитријевска
