Пријавување субвенции за Смедеревка и Вранец
Тече пријавувањето за долнителен еден денар субвенција за предадено винско грозје во домашните капацитети. До 25-ти декември лозариоте ќе можат да аплицираат за дополнителните пари за вранецот и за смедеревката. Новововедената финансиска поддршка изнесива еден денар за килограм грозје од најзастапените сорти...

До 25 декември лозарите можат да аплицираат за дополнителната субвенција за „вранецот“ и „смедеревката“.
Земјоделците кои ги исполнуваат условите барањата може да ги поднесуваат по електронски пат во Подрачните единици на министерството за земјоделство. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потврда за откупеното грозје, издадена од страна на регистриран капацитет за производство на вино.
Лозарите годинава треба да добијат вкупно еден и пол денар повисоки субвенции за килограм смедеревка и вранец.
Односно по 1 дополнителен денар за килограм и половина денар од зголемените субвенции што се добиваат за еден хектар.
Така со програмата за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од еден до 10 хектари лозје наместо 40.000 сега ќе добијат по 48.000 денари за хектар за одржување на насадите.
Методија Трајков
