САД ја повторија поддршката за Договорот од Преспа
Стратегиски дијалог меѓу Грција и САД во американскиот Стејт Департмент. Американскиот државен секретар Помпео во Вашингтон се сретна со грчкиот министер за надворешни Катругалос, при што уште еднаш е потврдена американската поддршка за, како што се вели во соопштението, историскиот договор од Преспа. Помпео и Катругалос разговарале и за економската и за безбедносната соработка меѓу Вашингтон и Атина...

Вашингтон ја повтори поддршката за спроведување на Преспанскиот договор по најавите дека по ратификацијата во Македонија, грчкиот министер за одбрана Каменос ќе ја напушти Владата за да го спречи неговото усвојување во Грција.
Во почетокот на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција, американскиот државен секретар Помпео го поддржа грчкиот премиер Ципрас истакнувајќи дека тој и американскиот претседател Трамп ги зајакнале односите меѓу двете држави.
„Во јуни, Грција го потпиша Преспанскиот договор што имаше позитивно економско влијание и ја отвори Грција како порта за Балканот. И честитаме на грчката влада што работеше и го постигна овој договор. Договорот ќе му овозможи на вашиот сосед да се приклучи на НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија. Исто така, ќе го зацврсти Балканот од руското негативно влијание“, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Грција е клучен сојузник на САД и сега од кога било порано задоволни сме што станува лидер и столб на регионалната стабилност, порача државниот секретар Помпео.
„Не се обидуваме да ги заштитиме само нашите национални интереси, туку и да бидеме фактор на стабилноста и мирот на Балканот и на Блискиот Исток. Затоа го постигнавме Договорот од Преспа. Тој е заемно корисен договор меѓу нас и нашите северни соседи“, изјави Јоргос Катругалос, алтернативен министер за надворешни работи на Грција.
Вашингтон поддржува регионални иницијативи што придонесуваат за стабилноста на Балканот и што со Трансјадранскиот гасовод и набавката на американски природен течен гас од страна на Грција, за првпат во историјата, Европа ќе се ослободи од енергетската зависност од Русија.
Ирина Гелeвска
