Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски
Адвокатот на оштетеното семејство до судот достави документи од психијатриско вештачење врз база на кое побара отштета во висина од 10 милиони денари.

Поради оправдано отсуство на еден од поротниците се одложи денешното рочиште за смртта на Никола Саздовски. Обвинетите не беа спроведени во судницата.
Адвокатот на оштетеното семејство до судот достави документи од психијатриско вештачење врз база на кое побара отштета во висина од 10 милиони денари.
На 29-ти јуни Саздовски беше брутално претепан на автобуска постојка во населбата Автокоманда. Десетина дена подоцна им подлегна на повредите.
За неговата смрт, поднесено е обвинение против Бесир Беља и Скендер Демири. Третиот напаѓач Јетон Љужа е во бегство и по него е распишана домашна и меѓународна потерница.
