Заврши групната фаза и во ЛЕ

14.12.2018 12:25

Зенит со 11 бода и Славија Прага со бод помалку, ќе играат од Групата Ц во елиминациската фаза, откако во последното коло чешката екипа со 2:0 ја победи руската, а КОпенхаген загуби од Бордо со 0:1...

Бајер Леверкузен со 13 бода од првата и Цирих со 10 од втората во Групата А, продолжуваат во нокаут фазата во Лига Европа. Во последното коло, Германците победија кај АЕК Ларнака со 1:5, а Швајцарците рмеизираа кај Лудогорец со 1:1.

Ред Бул Салцбург со максимални 18 бода и Селтик со двојно помалку, ќе видат европска пролет од Групата Б. Австриската победи со 1:2 во меѓусебниот дуел со шкотската екипа, а Лајпциг и Росенборг ремизираа со по еден гол.

Зенит со 11 бода и Славија Прага со бод помалку, ќе играат од Групата Ц во елиминациската фаза, откако во последното коло чешката екипа со 2:0 ја победи руската, а КОпенхаген загуби од Бордо со 0:1.

Динамо Загреб доминира со 14 бода во Групата Д, пред фенербахче со 8 бода. Турците загубија од Спартак Трнава со 1:0, а Хрватите ремизираа без голови со Андерлехт, во последната рунда.

Арсенал и Спортинг не им дадоа надеж на другите две екипи во групата Е, освојувајќи 16, односно 13 бода. Во последните натпревари, португалскиот претставник ја совлада Ворскла Полтава со 3:0, а англискиот славеше минимално против Карабак.

Реал Бетис со 12 бода и Олимпијакос со 10 ќе играа во елиминациите од Групата Ф, откако грчкиот тим во директниот дуел го елиминира некогаш големиот Милан, со 3:1. Шпанците одиграа без голови, кај Дуделанж.

Виљареал и Рапид со по 10 бода одат во елиминациската фаза, во последните натпревари во Групата Г ги победија Спартак Москва со 2:0, односно Ренџерс со 1:0.

Ајнтрахт и Лацио ќе продолжат од групата Х, со 18 и со 9 бода, откако германскиот тим победи во Рим со 1:2. Олимпик Марсеј дома загуби од АПОЕЛ Лимасол, со 1:3.

Генк освои 11 бода, Малме освои 9 во Групата И, во последното коло Бешикташ загуби со 0:1 дома од Швеѓаните, а Белгијците славеа против Сарпсборг со 4:0.

Севиља и Краснодар со по 12 бода се најдобрите две екипи од Групата Ј, во последната рунда шпанската екипа се избори за првата победа со победата против руската со 3:0. Акисарспор и Стандард Лиеж ремизираа без голови.

Димано Киев и покрај поразот од Јаблонец со 0:1 во последното коло, остана на првата позиција во групата К со 11 бода. Второпласирана екипа е рен со 9, откако францускиот тим победи против Астана со 2:0.

Челси не успеа да забележи максимален скор во групата Л, остана на 16 бода со 5 победи и едно реми, со 2:2 во последното коло кај МОЛ во Унгарија. Бате Борисов оди понатаму со 9 бода, во последното коло славеше кај ПАОК со 1:3.

Фото: uefa.com