Носители и подредени во ЛЕ
Цирих, Селтик, Славија Прага, Фенербахче, Спортинг, Олимпијакос, Рапид, Лацио, Малме, Краснодар, Рен и БАТЕ Борисов се во подредена ситуација и реваншите ќе ги играат дома.

Бајер Леверкузен, Ред Бул, Зенит, Динамо, Арсенал, Бетис, Виљареал, Ајнтрахт, Генк, Севиља, Динамо Киев и Челси се носители на ждрепката во елиминациската фаза во второто натпреварување на УЕФА.
Ним ќе им се приклучат и Наполи, Валенсија, Интер и Бенфика како најдобри третопласирани екипи од групната фаза во Лигата на шампионите.
Цирих, Селтик, Славија Прага, Фенербахче, Спортинг, Олимпијакос, Рапид, Лацио, Малме, Краснодар, Рен и БАТЕ Борисов се во подредена ситуација и реваншите ќе ги играат дома.
Заедно со нив во втората група ќе бидат и Викторија Плзен, Бриж, Шахтар и Галатасарај, како послабопласирани екипи на третите позиции во групите во Лигата на шампионите.
Два клуба од иста група или од иста асоцијација, во ова фаза, не може да играат еден против друг. Воедно, руските и украинските клубови исто така не може да се вкрстат, поради воениот конфликт меѓу овие две земји.
Ждрепката е на 17-ти декември, во Нион.
Фото: uefa.com
