Заев очекува поголема поддршка за уставните измени
14.12.2018 13:06
Нема ништо заткулисно, ниту пак страшно во предлог- амандманите. Македонскиот идентитет и јазикот се загарантирани, истакна шефот на Владата.

Очекувам поголема поддршка од 80 пратеници за уставните измени, и нивно изгласување кон средината на јануари, вели премиерот Заев. Нема ништо заткулисно, ниту пак страшно во предлог- амандманите. Македонскиот идентитет и јазикот се загарантирани, истакна шефот на Владата.
„Нема ништо скриено, нема ништо закукулено- замумулено, дебатите тие се, чесен пристап кон имплементација на договорот од Преспа. Видовте дека имаме инклузивен процес кој е важен за земјата и за идните генерации. Верувам дека пратениците кои претходниот пат не гласаа ќе ги поддржат измените“, изјави премиерот Заев.
