54 години од првиот ТВ Дневник
Првиот пренос се реализираше од Радио предавателот „Црн врв“, во близина на Скопје. Во почетокот телевизијата дејствуваше во рамките на тогашната Југословенска Радиотелевизија- ЈРТ, но по распадот на поранешна Југославија, МРТ функционира независно со своја програма и сопствена мрежа.

Пред 54 години, Телевизија Скопје од зградата во Нерези го емитуваше првиот телевизиски дневник. Тоа е денот кога преку малубројните ТВ приемници гледачите во земјава имаа можност да ги слушнат и да ги видат најновите информации од земјата и од светот.
Првиот пренос се реализираше од Радио предавателот „Црн врв“, во близина на Скопје. Во почетокот телевизијата дејствуваше во рамките на тогашната Југословенска Радиотелевизија- ЈРТ, но по распадот на поранешна Југославија, МРТ функционира независно со своја програма и сопствена мрежа.
Во 1993-та година МРТ станува активна членка на Европската радиодифузна мрежа.
