Собрание на РМ

Галовеј: Преспанскиот договор да биде спроведен

14.12.2018 15:08

Велика Британија нѐ поддржува на сите полиња, особено е важна меѓународната поддршка. За британската амбасадорка Галовеј, е важен процесот на помирување во земјата. Одбележани 25 години од воспоставувањето на диопломатските односи меѓу Скопје и Лондон...

„Преспанскиот договор е историски договор што ѝ овозможува на Македонија да ги следи своите стратешки цели. Сега е важно процесот да биде завршен со јасен фокус на пренесување на неспорниот избор на граѓаните да бидат дел од евроатлантската заедница“, рече британската амбасадорка Рејчел Галовеј, на одбележувањето на 25- годишнината од дипломатските односи и потпишување нов Меморандум за соработка на Собранието на РМ со Вестминстер фондацијата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека Велика Британија во изминатите 25 години се покажала како голем и вистински пријател на Македонија.

Џафери истакна дека овој парламентарен состав има капацитет да ги исполни своите обврски, да го заврши процесот на уставните промени што ќе го отвори патот за следните фази до полноправно членство на НАТО и отворање на преговорите со Европската Унија.

 

Марина Стојанова- Тонева