ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, донесоа егзодус во Македонија

14.12.2018 15:13

Опозицијата смета дека ова е последица на штетните политики на Заев и на неговата влада.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за иселувањето и за егзодусот на младите. Опозицијата смета дека ова е последица на штетните политики на Заев и на неговата влада.

„Наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до егзодус и невидено, невидено до сега иселување. Се иселуваат луѓето од сите региони на Република Македонија. Само од Нова година речиси денес од основните училишта во Штип и од средните училишта се отпишани 77 ученици. 77 отпишани ученици само од Штип“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Штетните политики на Зоран Заев доведоа до тоа да Македонија се истенчува, да народот ни се топи, државата ни исчезнува, велат од опозициската партија.