Саем за кариера во Битола, понудени над 100 работни места
Во Битола одржан Саем за кариера. Повеќе компании од Пелагонискиот регион понудија над 100 работни места. Најголем интерес од младите, категорија каде и процентот на невработеност е висок...

Невроботените млади лица во директен контакт со работодавачите. Организаторите охрабрени што ефектот од ланскиотсаем е над триесет директни вработувања. Блаже Аризанов е една успешна практика на претприемач на компанија од Индија која се занимава со хотели за краток престој на невенчани парови. Вели дека во младиот Македонец има потенцијали.
На годинешниов саем, апликантите главно млади луѓе кои од неодамна бараат работи, и оние кои догодина го завршуваат средното образование.
Од 12 реномирани компании од Пелагонискиот регион понудени над сто слободни места од најразлични профили.
Од Младинскиот културен центар велат дека овие манифестации овозможуваат дел од младите сами да преземат иницијатива за вработување, затоа што според податоците од ланската статискита, невработеноста на младите е во голем процент.
На вториот ден од саемот се очекува од страна на министерката за труд и социјала, да бидат претставени новите активни програми и мерки за самовработување од оперативниот план.
Стевче Митревски
