ВМРО-ДПМНЕ со протестен марш во Велес
ВМРО-ДПМНЕ протестираше против промена на името, бара заминување на власта, а Мицкоски одново го покани Заев на телевизиски дуел. Ќе ве победиме и на претседателските избори, најави во Велес лидерот на опозицијата...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на протестен марш во Велес со пораки до владејачката гарнитура. Македонија е вечна, а власта не е. Колку побрзо заминете, толку побрзо ќе и се раздени на Македонија, а тоа ќе биде на следните претседателски избори. Ова го изјави партискиот лидер Христијан Мицкоски.
Побара од министрите за внатрешни и за надворешни работи да си поднесат неотповиклива оставка. Едниот затоа што, како што рече, не го расчистил криминалот, вториот затоа што јавно го понижил сопствениот народ. Водачот на опозицијата побара да се почитува вољата на граѓаните искажана на референдумот и најави нови протести се до, како што рече, конечната победа на предвремени избори.
Опозицијата побара укинување на зголемените даноци, доизградба на гасоводната мрежа, расчистување на скандалот со снимените разговори во обвинителството. Мицкоски уште еднаш го повика претседателот на Владата на ТВ дуел, да разговараат за клучните прашања од државен и јавен интерес.
Силно светнал ден - опозицискиот лидер говорот во градот на гемиџиите го заврши со стихови на поетот Кочо Рацин повикувајки го партиското членство да се обедини за светла иднина на Македонија.
Анита Димитријевска
