Тројца загинати и 32 повредени во сообраќајна несреќа кај Лесковац

17.12.2018 10:17

Вчера во близината на Лесковац се случи тешка сообраќајна несреќа. Од коловозот излета автобус на струшка туристичка агенција, во сообраќајката загинаа три лица, а четири се сѐ уште во животна опасност. Повредените се згрижени во лесковачката и во нишката болница, патувале за Виена...

Вчера на автопатот кај Лесковац, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа тројца македонски државјани- маж и две жени, а 32 се повредени. Како што соопштија од српската полиција, несреќата се случилакога автобус со македонски регистарски табличкиод фирмата Еуро Бус, кој патувал на линијата од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Автобусот со македонски патници тргнал од Битола синоќа околу 20 часот и во него имало патници од Битола и од други места во Македонија, а еден од повредените изјави за медиумите дека не се сеќава на несреќата, бидејќи сите спиеле во тој момент.

„Кога се разбудив, слушнав врескање. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав како некој кажуваше дека има загинати. Не знам кој ја повика итната помош и полицијата, но наскоро пристигнаа неколку амбулантни возила и лекарите влегоа во автобусот. Тие веднаш ни дадоа помош. Тогаш пристигнаа пожарникари, мислам дека беа од Лесковац, и сите заедно не извлегоа од автобусот“, изјави едено младо лице од Битола, кој ја има повредено раката во несреќата.

Во несреќата, еден маж и две жени- македонски државјани загинаа на лице место, а 32 се повредени. Во тек е и идентификација на повредените лица.

Во болницата во Лесковац утринава од 02 часот до 4 часот медицинските екипи од Лесковац и од Ниш префрлија 28 луѓе, додека 4 се во болницата во Ниш.

Според началникот на Хирургија во Лесковац, 4 пациенти се згрижени со тешки повреди на главата и на кичмениот столб, но се вон животна опасност, а 23 се згрижени во Ургентниот центар и имаат лесни повреди.

На домашно лекување се пуштени 14 лица, кои ќе останат во лесковачката болница до обезбедувањето превоз за Македонија.

Увидот на терен го изврши нишката и лесковачката полиција, но уште не е соопштено како дошло до несреќата.

Возачот и сувозачот не се повредени, но кажано им е дека неможат да даваат изјави за медиумите.

Во Лесковац вчера врнеше дожд, а од полноќ непрекинато врне снег, па се претпоставува дека лизгавиот коловоз е можна причина за несреќата.

Македонската амбасада во Белград и МНР се во тек и веќе превземаат активност за згрижување на повредените.

Оливер Бранковиќ