Шампионот остана во чекор со лидерот
По 10 кола, на табелата Блокотехна е лидер со 9/1, по победата против Куманово со 81:69. Следува Работнички со 8/1, пред МЗТ Скопје со 7/2 по победата кај Пелистер со 71:83.
Работнички победи со 87:109 на гостувањето кај Вардар, прими најмногу поени на еден натпревар сезонава, но остана на втората позиција со само на еден пораз, од Блокотехна во Гевгелија во 8-то коло.
Црвено-црните имаат 2/7 на 9-та позиција, од 11 екипи.
По 10 кола, на табелата Блокотехна е лидер со 9/1, по победата против Куманово со 81:69. Следува Работнички со 8/1, пред МЗТ Скопје со 7/2 по победата кај Пелистер со 71:83.
Гостивар загуби од АВ Охрид со 89:94 и има 6/3 на четвртата позиција, пред Фени Индустри со идентичен скор, додека охриѓани се на 8-та со скор 3/6.
Шкупи убедливо загуби од Кожув со 87:121 во натпреварот со најмногу поени сезонава и останува без победа по 9 кола, а гевгеличани имаат 4/5 на 7-та позиција.
Последното коло се игра на 22-ри декември, слободна е екипата на Блокотехна. Работнички игра со Гостивар, Куманово со Шкупи, МЗТ со Фени Индустри, а Кожув со Вардар.
фото: mkf.mk
