Хрватскиот подобар од македонскиот вицепрвак
Тимот од Автокоманда има една победа, едно реми и 10 порази во досегашниот тек од сезоната и се наоѓа на претпоследната позиција, пред следниот противник со кој што ќе ги одмери силите.

Нексе славеше во Нашице против Металург со 26:23 (12:10) во Сеха лигата, во последниот меч за Хрватите на домашен терен во една од нивните најдобри полусезони во регионалното натпреварување.
Рибеиро имаше 5 гола за Металург, Анте Токиќ додаде 4. Никола Даниловски имаше 9 одбрани, од кои 4 беа од линијата за 7 метри.
Тимот од Автокоманда има една победа, едно реми и 10 порази во досегашниот тек од сезоната и се наоѓа на претпоследната позиција, пред следниот противник со кој што ќе ги одмери силите.
Металург има уште едно гостување, кај Извиѓач во БиХ, додека екипата на Вардар игра кај Стеауа во обидот да ја заврши годината како лидер во Сеха Лигата.
Во моментов, вардарци имаат 10/2, колку што има и ППД Загреб.
фото: seha-liga.com
