Франција го освои првото европско злато и ги обедини двете круни

17.12.2018 11:22

Со ваквиот конечен поредок на ЕП, репрезентацијата на Франција директно се квалификува на следните Олимписки игри (2020), а репрезентациите на Русија, Холандија и Романија на следното Светско првенство (2019).

Во двата последни меча во Париз, селекцијата на домаќинот победи во финалната пресметка со Русија, со 21:24 во финалето на 13-тиот континентален собир. Во дуелот за третата позиција, Холандија победи против Романија со 20:24.

Со ваквиот конечен поредок на ЕП, репрезентацијата на Франција директно се квалификува на следните Олимписки игри (2020), а репрезентациите на Русија, Холандија и Романија на следното Светско првенство (2019).

Најдобар играч на шампионатот беше Ана Вјакирева од Русија, со неа во идеалниот состав беа Амандин Лејно до Франција, Кармен Мартин од Шпанија, Алисија Штоле од Германија, Стине Бредал од Норвешка, Ноеми Хафра од Унгарија, Мајда Мехмедовиќ од Црна Гора и Крина Пинтеа од Романија.

Најдобар стрелец на шампионатот е Катарина Крпеж Слезак од Србија, со 50 гола, а за најдобар дефанзивец беше прогласена Кели Дулфер од Холандија.

Следниот европски шампионат ќе се игра во Данска и Норвешка во 2020-та година, а во 2022-та нашата земја заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде домаќин на 15-тиот собир на најдобрите евроспки репрезентации.

фото: fra2018.ehf-euro.com