Судењето за „27-ми април“ продолжува со дополнителни докази на одбраната

17.12.2018 11:35

На минатото рочиште се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната Вибер група, како дел од дополнителни докази од Обвинителството.

Судењето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази на дел од обвинетите.

На минатото рочиште се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната Вибер група, како дел од дополнителни докази од Обвинителството.

За случувањата во Собранието на 27-ми април 2017-та година, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.