ТВ серија

Третата сезона на „Преспав“ од вечерва на МТВ

17.12.2018 12:47

Вечер во 20 часот и 15 минути на првиот канал на Македонската телевизија стартува емитувањето на третата сезона на мегапопуларниот ситком „Преспав“. Продуцентите ја најавија како најквалитетна и најзабавна досега...

Овој уникатен медиумски проект негува длабоки врски со својата публика. Третата сезона на популарната серија „Преспав“ успешно ги прикажува македонските стереотипи, како и апсурдните состојби во кои запаѓаме и живееме. Освен познатите ликови што ги толкуваат актерите, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Васил Завирчев, Игор Џамбазов, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели, освежување е познатата актерка Јана Маринова од Бугарија. Како и во претходните сезони и оваа е активистички стремеж за излегување од вечната македонска транзиција и конечен соживот.

Со „Преспав“ би сакале да им го земеме приматот на политичките елити. Општеството не би требало да се движи околу нив. Понудивме друга варијанта, да види народот дека постојат и среќни приказни, вели продуцентот Талески.

„Преспав е интересна, бидејќи раскажува за обичниот човек, таа е огледало. Какви сме вистински ние. Гледано од далеку сме смешни, ама гледано одблиску сме страшно трагични“, вели продуцентот Талески. Ако секој ден, на публиката ѝ дадедеме уште една доза смеење, мислам дека сме направиле добра работа.

 

Александра Спировска