Усовршување во Агенцијата за разузнавање
Како да се усоврши разузнавачкиот сегмент во државата? По низа афери, очигледна е потребата од дејствување на науката врз оваа безбедносна област. Ќе се организира курс од Факултетот за безбедност во Агенцијата за разузнавање. Деканот Дујовски оценува, предизвиците остануваат во пресрет на евроатлантските интеграции...

Земјава се соочува со безбедносни предизвици на патот кон евроатлантските интеграции. Затоа, е неопходна политичка волја за суштински реформи во областа на безбедноста и разузнавањето, оценува деканот на Факултет за безбедност, Дујовски.
Потребни се препознавање, осознавање и откривање на можните закани по безбедноста на државата, особено од аспект на разузнавачката дејност.
Според директорот на Агенцијата за разузнавање, Иванов, во соработка со Факултетот за безбедност ќе се организира курс за вработените за повисоко ниво на едукација и стручно усовршување.
Разузнавачката служба мора да покаже високо ниво на професионалност и департизираност, но притоа да се засили и капацитетот за соработка со другите партнерски служби, е ставот на продеканот Ѓуровски.
Овој спој на академскиот и професионалниот кадар може да биде формула за успех во областа на разузнувањето, со натамошна соработка во регионот, оценуваат во Факултетот за безбедност.
Игор Панов
