Метео: Облачно и студено со повремени врнежи од снег
17.12.2018 14:37
Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка. На пониските места од 5 до 10, а на повисоките места и на планините и над 20 сантиметри.

Утре во Македонија се очекува облачно и студено време со повремени врнежи од снег особено претпладне.
Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка. На пониските места од 5 до 10, а на повисоките места и на планините и над 20 сантиметри.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер што може да предизвика снежни наноси, а поради ниските температури можна е и појава на голомразица.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
