Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир
Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас утре во Скопје ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир од добитничката на ова признание во 2015-та, Видет Бушамаи.

Претседателите на Владите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас утре во Скопје ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир од добитничката на ова признание во 2015-та, Видет Бушамаи.
Нејзиниот предлог ќе биде претставен на церемонијата што утре во 11 часот ќе се одржи на Првиот приватен универзитет - ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.
„Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН, господинот Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот“, вели Бушамаи.
