Стопанската комора бара да се одложи примената на новиот Закон за зелените пазари
Уште две недели до кога треба да стапи во сила новиот Закон за зелените пазари. Комората бара одложување, стравува оти и до 30 проценти од пазарџиите нема да имаат право да користат тезге, бидејќи имаат други приходи...

Да се одложи примената на новиот Закон за трговија на зелените пазари, бара Стопанската комора на Македонија. Оттаму укажуваат дека во Законот што треба да важи од јануари, се предвидува тезги да не можат да закупат лица кои веќе остваруваат приходи, добиваат пензија или се ангажирани со договор на дело. Според Комората, ова ќе предизвика и до 30 насто намалување на прометот на зелените пазари.
Добрата регулатива е потребна, но треба да се земат предвид и нашите предлози, велат пазарџиите. Во Македонија има од 20 до 25 илјади закупци на тезгиња на пазарите.
Според Законот за трговија на зелените пазари, на пазарите нема да се издаваат фискални сметки сè до влез на земјата во ЕУ, а пазарџиите, ќе работат со лиценци издадени од овластена комора.
Дијана Ценевска
