Економија

Сметководителите очекуваат зголемен обем на работа со прогресивното оданочување

17.12.2018 15:51

Прогресивното оданочување ги раздвижи сметководителите. Очекуваат зголемен обем на работа. Од Комората велат дека се подготвени да одговорат на потребите...

Сметководителите очекуваат зголемен обем на работа по најавите дека даночните обврзници што ќе ги опфати новиот Закон за прогресивно оданочување, за да се снајдат со даночните стапки ќе треба да ги ангажираат. Велат дека се подговени да одговорат на обврските, но ќе ја чекаат законската имплементација за да видат дали европската пракса за личен сметководител ќе ја испочитуваат лицата кои имаат дополнителни приходи од редовната плата или пензија.

Според овластените сметководители, софтверот на УЈП за извршување на допонителните ажурирања со прогресивното оданочување има доволен капацитет, но секое надоградување, велат, може да биде од корист. Фирмите што ја вршат сметководителската дејност со новиот Закон што е веќе поставен на страната на ЕНЕР, бараат освен овластен сметководител, ниедно друго лице да не може да поднесува завршната сметка. Апелираат до институциите, сите засегнати страни да ги вклучат во процесот на креирање на новата регулатива.

Со став дека се јадро на економијата, и во прибирање на даноци и во консултантски услуги, овластените сметководители бараат институциите да помогнат во подигање на стандарди и зголемување на кредибилитетот на оваа професија.

Сузана Фиданска- Стоевска