Заменик-државниот секретар на САД, Саливан денеска во Македонија

18.12.2018 10:13

Според најавата од Стејт Департментот, Саливен ќе ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите и со спроведувањето на Договорот од Преспа...

Американскиот заменик- државен секретар, Џон Саливен денеска е во Македонија. Ќе се сретне со премиерот Заев, по што е најавена прес- конференција.

Се очекува да разговараат за регионалните прашања, а според најавата од Стејт Департментот, Саливен ќе ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите и со спроведувањето на Договорот од Преспа.

Американскиот заменик- државен секретар е на турнеја низ повеќе европски метрополи, меѓу кои беше и во Братислава, Виена, Софија, а потоа заминува Варшава.