Париз
Уапсени две лица поврзани со нападот во Стразбур
18.12.2018 11:11
Мажот изведен пред судот е осомничен дека учествувал во испораката на оружјето што го користел атентаторот Шериф Чекат при нападот на 11 декември. Двајцата уапсени се осомничени дека се вклучени во снабдувањето со оружјето.

Две лица се уапсени, а трет осомничен се појави пред француски судија во рамки на истрагата за нападот извршен во Стразбур минатата недела, во кој беа убиени пет лица.
Мажот изведен пред судот е осомничен дека учествувал во испораката на оружјето што го користел атентаторот Шериф Чекат при нападот на 11 декември. Двајцата уапсени се осомничени дека се вклучени во снабдувањето со оружјето.
Родителите на Чекат и двајца негови браќа беа испрашувани минатата недела од полицијата и потоа пуштени на слобода.
