Вардар победнички за крај на 2018

18.12.2018 11:34

Црвено-црните славеа со 30:34 за 11-та победа во СЕХА лигата и за задржување на врвот во регионалното натпреварување.

Македонскиот шампиони  двократен учесник на завршните турнири во ЕХФ ЛШ, немаше тешка задача на гостувањето кај Стеауа, од каде што се врати со победа за крај на календарската година.

Црвено-црните славеа со 30:34 за 11-та победа во СЕХА лигата и за задржување на врвот во регионалното натпреварување.

Поповски со 10 гола и Кисељев со 9 беа најдобрите стрелци кај македонскиот претставник, а на спротивната страна се издвои Милошевиќ со 5 погодока.

Мечевите во СЕХА продолжуваат во февруари, откако ќе заврши настапот на селекциите на претстојното Светско првенство во Германија.

Фото: seha-liga.com