Ограбена црквата во село Јанче

02.03.2014 14:58

Ограбена е црквата во долнореканското село Јанче од непознати сторители. Според СВР Тетово, влегле насилно, преку прозорец од задната страна и украле четири икони и  околу две илајди денари. Кражбата ја пријавил 70-годишен жител на селото, кој утрово влегол во црквата. По извршениот увид било констатирано дека недостасуваат три поголеми и една помала икона за кои се верува дека се стари повеќе од еден век.

Обид за кражба е регистриран и во селото Битуше. Таму непознати сторители влегле во црквата Св. Архангел Михаил, но откако бил активиран алрамниот систем, нејверојатно биле спречени во намерата и избегале. Случајот го пријавил жител на селото.

Од СВР Тетово информираат дека екипи се испратени на терен за да ги проверат верските објекти во селата по долината на Радика. Постајат соменжи дека изминативе денови биле мета на крадци.

Од почетокот на годинава, на поширокото гостиварско подрачје се регистрирани десетина тешки кражби во православни храмови.

Соња Стојановска