Три звучни пресметки, во првата елиминациска фаза
Двата тима што играат стамен и фудбал на резултат, ќе се мачат меѓусебно во осминафиналниот филтер.

На претендентот за европскиот трон, Јувентус, не можеше да му се падне потежок противник, во смисла на фудбалските филозофии на кои што се базираат двата противника.
Двата тима што играат стамен и фудбал на резултат, ќе се мачат меѓусебно во осминафиналниот филтер.
Кристијано Роналдо, кој што претходно многупати им пресудуваше на тогаш градските конкуренти додека настапуваше за Реал, може да биде икс факторот за Јуве во овој дво меч со Атлетико.
Раштиманиот Манчестер Јунајтед ќе има пеколно тешка задача, да се справи со полетниот ПСЖ. Финалистот Ливерпул ќе има достоен ривал во Баерн Минхен, а трикратниот шампион Реал би требало да нема проблеми со Ајакс.
Дуелите се играат во два термина - на 12-ти февруари со реваншите на 6-ти март, односно на 20-ти февруари со возвратните дуели на 12-ти март.
1/8 финале ЛШ:
Атлетико Мадрид – Јувентус
Манчестер Јунајтед – ПСЖ
Ливерпул – Баерн Минхен
Ајакс – Реал Мадрид
Шалке – Манчестер Сити
Тотенхем – Борусија Дортмунд
Лион – Барселона
Рома – Порто
Фото: uefa.com
