На Су Чи ќе и биде одземена наградата за човекови права
Сега е критикувана поради тоа што одбива да го осуди насилството против Рохинџите. Од 2017 година повеќе од 720.000 муслимани Рохинџи избегаа од Мјанмар поради нападите од воените и будистичките полиции.

Една од најголемите организации за заштита на човекови права во Јужна Кореја соопшти дека ќе и ја одземе наградата на лидерката на Мјанмар, Онг Сан Су Чи доделена во 2004 година поради нејзината „рамнодушност“ кон кризата со муслиманското малцинство Рохинџи.
Во тоа време, Онг Сан Су Чи беше дисидент и лично не можеше да ја прими наградата за човекови права „Кванџу“, бидејќи беше во домашен притвор, одреден од страна на воената хунта. Подоцна, нејзината партија дојде на власт и таа стана лидер на Мјанмар.
Сега е критикувана поради тоа што одбива да го осуди насилството против Рохинџите. Од 2017 година повеќе од 720.000 муслимани Рохинџи избегаа од Мјанмар поради нападите од воените и будистичките полиции.
Обединетите нации таа криза ја окарактеризираа како геноцид.
