Автобуска несреќа кај Лесковац

Дел од повредените патници се враќаат дома

18.12.2018 13:15

Во болницата во Лесковац се згрижени осум пациенти. Во Клиничкиот центар во Ниш каде што има шест потешко повредени, кај еден е веќе е подобрена состојбата, додека дел се сѐ уште на машини за дишење.

Полесно повредените патници од автобуската несреќа во близина на Лесковац се во подобра здравствена состојба и може да се вратат во Македонија – вели министерот за здравство Филипче.

Во текот на денот ќе биде организиран превозот. Во болницата во Лесковац се згрижени осум пациенти. Во Клиничкиот центар во Ниш каде што има шест потешко повредени, кај еден е веќе е подобрена состојбата, додека дел се сѐ уште на машини за дишење.

Во автобуската несреќа во близина на Лесковац, Србија загинаа тројца патници, а 32-ца беа повредени.