Парнарџиева Змејкова: Од 3 март терапијата за мултиплекс склероза еднаш на три месеци
Пациентите со мултиплекс склероза од понеделник (3 март) со само една посета на Клиниката за неврологија ќе можат да подигнуваат тримесечна терапија. Станува збор за олеснување кое го овозможува Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на иницијатива на Здружението на пациенти со мултиплекс склероза, а во соработка со Клиниката за неврологија.

Ова во интервју за Македонската информативна агенција – МИА го најавува директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева- Змејкова. Таа посочува дека се планира и зголемување на квалитетот на протези и ортопедски помагала наменети за телесно инвалидизирани лица.
- Ова се однесува за ортопедските помагала со индивудуална изработка, со цел да обезбедиме повисок квалитет на самите помагала, како што се вештачки раце и нозе. Тоа планираме да го направиме во соработка со ортопедските куќи и Националниот сојуз на телесно инвалидизирани лица. Набрзо нашите осигуреници ќе можат електронски да го остварат правото на ортопедско помагало, без доаѓање во подрачните служби, истакнува Парнарџиева- Змејкова.
Ќе воведеме, наведува директорката на Фондот, некои нови ортопедски помагала (вештачки екстремитети) на постоечката листа, како и замена на веќе нефункционалните помагала од постоечката листа со нови и модерни.
- Многу работи менуваме, ама вистинската промена треба да се случи кај секој од нас. Треба да престанеме да чекаме и да станеме одговорни за себе, да бидеме проактивни, посебно во врска со нашето здравје. Умеење е како да научите да ги подобрувате работите за кои сте во можност да влијаете. Искрено се надевам дека е тоа и формулација на нашиот организациски дух во Фондот кој го негуваме-посветено да работиме на подобрување на состојбата во здравството, да ги олеснуваме административните процедури каде е тоа во наша надлежност и е можно, додава Парнарџиева- Змејкова во интервју за МИА.