Британија
Опозицијата поднесе барање за недоверба на Mеј
18.12.2018 14:38
Ако владата го одбие барањето, тогаш Корбин може да поднесе барање за недоверба на целата влада што би можело да доведе до нови избори.

Шефот на британската опозиција во парламентот Џереми Корбин поднесе барање за недоверба на премиерката Тереза Меј откако таа одби да организира гласање за спогодбата за Брегзит пред идниот месец.
Ако владата го одбие барањето, тогаш Корбин може да поднесе барање за недоверба на целата влада што би можело да доведе до нови избори.
Парламентот минатата недела требаше да гласа за договорот за Брегзит што Меј го постигна со лидерите на ЕУ, но го одложи гласањето откако стана јасно дека мнозинството пратеници ќе бидат против тоа.
